ФУДБАЛ ВО ЦРВЕНО

Турските гиганти должат преку 2 милијарди евра

Според „Дојче веле" клубовите од турската Супер лига направиле поголем долг и од Бундеслигашите

објавено: 6 декември 2018 - 19:21

Сите 18 турски клубови имаат вкупни долгови од 2,3 милијарди евра! Како споредба гермнските бундеслигаши имаат долг од 1,4 милијарди евра. Главни виновници за огромните задолженија се четирите најпопуларни клубови во Турција - Фенербахче, Галатасарај, Бешикташ и Трабзонспор. Најмногу должи Фенер кој е 621 милион евра на црвено.

Според изданието, целата таа задолженост на клубовите се појавува поради тоа што се заштитени од државата како и од Турската фудбалска лига кој не може да си дозволи да ги загуби четирите најголеми клубови и затоа ги лиценцира.

 

Најново во Меѓународен Фудбал