ПОРАКА ДО ИТАЛИЈАНСКАТА ГОЛМАНСКА ЛЕГЕНДА

Требаше порано да си заминеш во пензија...!

„Не разбирам две работи. Не ми е јасно ниту размислувањето на Џиџи, но ниту логиката на ПСЖ. Како прво, зошто го ангажирате Буфон кога имате добар голман каков што е Ареола", се запраша легендарниот чувар на мрежата, Фреј.

објавено: 14 септември 2018 - 10:00

Џанлуиџи Буфон (40) беше блиску до пензија во дресот на Јувентус, а потоа ги изненади сите со трансферот во францускиот гигант. Со оваа одлука го зачуди легендарниот голман Себастијан Фреј кој со години настапувајќи за Фиорентина имаше пресметки со Буфон.

„Зар не заслужува шанса Алфонсо Ареола? Јас отсекогаш сум го сакал Џиџи, испиша историја во фудбалот, но да сум на негово место, би ја завршил кариерата и тоа во Италија", рече Французинот Фреј.

Од друга страна, идол на Ареола е токму Буфон. Според Фреј Буфон е легенда, има големо влијание во тимот.

„Би можел да биде секогаш на клупата и да го гледаме, но тој тоа не го сака. Цело време комуницира со играчите, ги бодри и се обидува да им помогне", додаде Фреј.

Најново во Меѓународен Фудбал