УЕФА ГИ ОБЈАВИ НОМИНАЦИИТЕ

РОНАЛДО, САЛАХ, МЕСИ: Најдобрите за минатата сезона во ЛШ (Видео)

Официјално се објавени номинациите за сите позиции во Лигата на шампионите минатата сезона 2017/18.

објавено: 10 август 2018 - 10:10

Има шест играчи од европскиот шампион Реал (Мадрид), како и Кристијано Роналдо, кој од ова лето одлучи да го носи дресот на Јувентус.

Еве ги сите номинации:

Голмани: Алисон Бекер, Џанлуиџи Буфон и Кејлор Навас.
Одбрана: Рафаел Варан, Марсело и Серхио Рамос.
Среден ред: Лука Модриќ, Кевин де Брујн, Тони Крос.
Напад: Мохамед Салах, Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

Победниците за секоја позиција ќе бидат прогласени на 30 август, кога ќе се случи и ждрепката за групите во Лигата на шампионите.

Да потсетиме, за сезоната 2016/2017 во ЛШ најдобри беа: Џанлуиџи Буфон (голман, Јувентус), Серхио Рамос (одбрана, Реал Мадрид), Лука Модриќ (среден ред, Реал Мадрид) и Кристијано Роналдо (напад, Реал Мадрид).

Најново во Меѓународен Фудбал