ФИФА има план

Светското клупско првенство за последен пат се игра во овој формат!

Конечната одлука за тоа како во иднина ќе изгледа светското клупско првенство на ФИФА, треба да се донесе на состанокот на бордот на 14 март.

објавено: 20 декември 2018 - 11:30

Во финалето на светското клупско првенство на ФИФА, оваа година ќе играат Реал (М) и Ал Аин. Дуелот закажан на 22 декември може да биде последниот натпревар во ова натпреварување кој ќе се одигра во сегашниот формат на првенството.

„Тешко е да се каже која опција е најверојатна, бидејќи има многу несогласувања. Конфедерациите имаат различни позиции. Едно е јасно за сите: најверојатно, овој турнир веќе нема да продолжи да се одржува по овој формат“, изјавил за руските медиуми, Алексеј Сорокин, член на Советот на ФИФА.

Според актуелниот формат на првенството, шест тимови кои ги имаат освоено најпрестижните натпревари на нивните континенти, плус тим од земјата домаќин учествуваат на светското клупско првенство. Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, предложи шампионатот на клубови да се одржува наместото на Купот на Конфедерации и тоа на секои 4 години, а бројот на учесници да се зголеми на 24.

Според оваа идеја, половина од учесниците треба да ги даде Европа., но тоа може да предизвика нус-ефект врз популарноста на Лигата на шампионите. Сепак, конечната одлука треба да се донесе на состанокот на бордот на ФИФА на 14 март.

Најново во Меѓународен Фудбал