АЛЕКСАНДР ЧЕФЕРИН НЕ СЕ СОГЛАСУВА СО ФИФА

Светско со 48 репрезентации би било здодевно, па гледајте ги Саудијците..!

Планот на Светската фудбалска организација е да се зголеми бројот на национални селекции за 16 на Мундијалот во 2026. година.

објавено: 14 октомври 2018 - 16:30

Словенецот и воедно претседател на Европската фудбалска унија, не се согласува со идејата на ФИФА да се зголеми бројот на учесници од 32 на 48 на СП 2026 каде што за прв пат ќе бидат домаќини три земји (САД, Канада, Мексико).

Главниот човек на ФИФА, Џани Инфантино истото би го направил уште на следниот Мундијал 2022 година во Катар:

„Мундијал со 48 репрезентации би било многу досадно. Европското првенство по своите национални селекции е многу поквалитетно од Светското. Еве, земете го на пример натпреварот меѓу Русија и Саудиска Арабија, со кој беше отворен изминатиот Мундијал. Саудијците загубија со 5:0, а сигурен сум дека би претрпеле и пораз од екипа која што се натпреварува во Серија Б", рече Чеферин.

Да додадеме уште дека СП се игра со 32 репрезентации од Мундијалот во Франција 1998 година. Пред тоа имаше 24 учесници, колку што имаше за прв пат на Европското првенство во Франција 2016 (дотогаш 16).

Најново во Меѓународен Фудбал