СПЕКТАКЛИ УШТЕ НА СТАРТОТ ОД УЕФА ЛИГАТА НА НАЦИИТЕ

Светскиот шампион со Погба, Гризман, Мбапе против Германија и Холандија!

Селекторот на Франција, Дидие Дешан го објави списокот за првите два натпревари од новото УЕФА натпреварување .

објавено: 30 август 2018 - 21:00

Во најсилната Лига А каде што се и најсилните европски репрезентации, „триколорите" кои ова лето ја освоија светската титула започнуваат против Германија на 6. септември на гости, а три дена подоцна ќе ја пречекаат Холандија.

Во составот не е повикан Стив Манданда поради повреда, а неговото место ќе го пополни Беноа Костил од редовите на Бордо.

РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА НА ФРАНЦИЈА:

Голмани: Алфонс Ареола [ПСЖ], Беноа Костил [Бордо], Уго Љорис [Тотенхем]

Одбрана: Лукас Хернандез [Атлетико Мадрид], Бенџамин Павар [Штутгарт], Самуел Умтити [Барселона], Преснел Кимпембе [ПСЖ], Адил Рами [Марсеј], Рафаел Варан [Реал Мадрид], Бенџамин Менди [Манчестер Сити], Џибрил Сидибе [Монако]

Среден ред: Н'Голо Канте [Челзи], Пол Погба [Манчестер Јунајтед], Блез Матуиди [Јувентус], Корентин Толисо [Лион], Стивен Нзонзи [Рома]

Напад: Муса Дембеле [Барселона], Антоан Гризман (Атлетико Мадрид), Флориан Товин (Олимпик Марсеј), Набил Фекир [Лион], Оливие Жиру (Челзи), Килијан Мбапе [ПСЖ].

Најново во Меѓународен Фудбал