ПОВТОРНО БРАЗИЛЕЦОТ ВО ЦЕНТАРОТ НА ВНИМАНИЕТО

СУРОВО ПО НЕЈМАР: Фудбалот е игра за мажи, не за кловнови!

„Натпреварот и судијата целосно беа во корист на Бразил", рече Хуан Карлос Осорио.

објавено: 2 јули 2018 - 21:15

Нејмар беше еден од најзаслужните за пласманот на „кариоките" во четвртфиналето на Светското првенство во Русија.

Ѕвездата на ПСЖ придонесе во триумфот над селекцијата на Мексико (2:0) со еден гол и асистенција на теренот во Самара.

Нема сомнение дека станува збор за еден одличен фудбалер, но од друга страна неговото однесување ја иритира публиката, а веќе му дадоа и прекар „Ролинс Стонс", односно камен што се тркала.

Свој коментар околу таквото однесување после мечот имаше селекторот на Мексико:

„Го контролиравме натпреварот, бевме многу добри на теренот, но срамота е што толку време се потроши на само еден фудбалер. Поради него имаше прекини од по четири-пет минути, а тоа е како да играат мали деца, а не возрасни луѓе. Ова би требало да биде машка игра, а не игра за кловнови", вели Осорио.

Имаше и критики кон италијанскиот судија Џанлука Роки кој премногу ја прекинувал играта создавал амбиент во корист на Бразилците.

Најново во Меѓународен Фудбал