ДРАМАТА ДЕФИНИТИВНО ПРОДОЛЖУВА

СУПЕРКЛАСИКО – ОДЛОЖЕНО, се игра утре вечер од 21 часот!

Иако последните најави од Буенос Аирес беа дека финалето ќе се игра оваа вечер, од тоа нема ништо. Вечерва, и по чекање од скоро три часа, топката не тргна од центарот на игралиштето на „Антонио Либерти" стадионот во Буенос Аирес.

објавено: 24 ноември 2018 - 23:33

Мечот на векот требаше да биде празник на фудбалот во Буенос Аирес. Но реваншот помеѓу Ривер Плата и Бока Јуниорс во финалето на Копа Либертадорес е одложен за дополнително време, поради нападот на хулиганите на автобусот на гостинските навивачи.
Последните информации се дека и стручниот штаб на Бока Јуниорс одбиле да излезат на теренот на стадионот „Монументал", иако некоја минута порано ги пријавиле стартните единаесет играчи. Поради тоа, донесена е конечна одлука, вториот меч од финалето на „Копа Либертадорес" да се игра утре вечер, со почеток од 21.часот.

За потсетување, одложување имаше и на првиот меч, кој се одигра пред две недели на „Бонбоњера“, но поради други, временски причини. 

Најново во Меѓународен Фудбал