ГОСПОД ИМ ВРАТИ НА „КОЦКЕСТИТЕ“

„СУПЕР МАНЏУКИЌ“: ХРВАТСКА И ФРАНЦИЈА ЗА СВЕТСКИОТ ТРОН! (Видео)

Вечерва во второто полуфинале на стадионот „Лужњики" во Москва, репрезентацијата на Хрватска во продолженијата ја совлада Англија со 2:1. После регуларните 90. минути резултатот беше 1:1.

објавено: 11 јули 2018 - 22:39

Дефинитивно Господ им врати, во 1998. година во полуфинале водеа 1:0 па загубија 2:1 од Франција, сега обратна е ситуацијата.

Англија во раната фаза ги израдува своите навивачи со еден фантастичен гол на Трипие од слободен удар, голманот на „коцкестите" беше немоќен.

Во 30. минута одлична шанса за Хари Кејн. После мешаницата во казнетиот простор Кејн дојде до топката, но Субашиќ го одбрани ударот, а потоа Англичанецот и неочекуваше реагираше и ја погоди стативата.

Хрватите тргнаа со сите сили да израмнат во второто полувреме израмнување, а тоа се случи во 68. минута. Врсаљко прв пат на мечот упати употреблив центаршут од десната страна, а фудбалерот на Интер Перишиќ беше најснаодлив на петерецот.

Беше во тек 82. минута, Брозовиќ со долга топка го пронајде Манџукиќ на десет метри од голот, но Пикфорд го одбрани ударот на напаѓачот на Јувентус.

Одново нови продолженија, а таму во првото во 107. мин. повторно Пикфорд на сцена, Перишиќ центрираше од левата страна, Манџукиќ шутираше од петерецот, но непрецизно.

Тоа што го пропушти, го поправи играчот на Јувентус кој што на крајот беше херој на Хрватите, тој на стартот од второто продолжение стрелаше од непосредна близина во мрежата на Пикфорд, после една сосема случајна асистенција на Перишиќ. 

Дуото Перишиќ-Манџукиќ се погрижија за првото историско финале на Мундијалите на својата земја, на 15. јули (недела) Хрватска ќе игра против Франција на „Лужњики" во Москва, а еден ден порано за третото место Англија ќе се соочи со Белгија во Ст. Петерсбург.

Најново во Меѓународен Фудбал