ИАКО ФРАНС ФУДБАЛ НЕ ОБРНУВА ВНИМАНИЕ МНОГУ НА ОВОЈ ПОДАТОК

Според навивачите „Златната топка“ оди во рацете на...!

Во изминатиот период се дозна листата од 30 кандидати за престижната награда која традиционално ја доделува францускиот весник „Франс фудбал".

објавено: 12 октомври 2018 - 10:30

Капитените и селекторите во изборот на ФИФА најмногу гласаа за Модриќ, но ако навивачите беа во прашање, Хрватот ниту од блиску немаше да биде фаворит за признанието.

„Франс фудбал" одлучи да им даде шанса на навивачите да гласаат за своите фаворити, но како што е познато нивниот глас на крајот нема да има никакво влијание, но секако останува како интересен податок.

Лионел Меси доби скоро 340.000 илјади гласови или 48% од вкупниот број. На второто место е Мохамед Салах со скоро 220.000 илјади гласови или 31%.

1. Лионел Меси: 48% (338,110)
2. Мохамед Салах: 31% (218,362)
3. Кристијано Роналдо: 8% (56,351)
4. Килијан Мбапе и Лука Модриќ 2% (14,087)
--

Најново во Меѓународен Фудбал