ПРОШИРУВАЊЕ НА УЧЕСНИЦИТЕ И НА ФУДБАЛСКИОТ МУНДИЈАЛ

СП 2022 во Катар со 48 репрезентации

Првиот човек на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино потврдува дека се поголем број за земји се согласуваат да се зголеми бројот на учесниците на мундијалите.

објавено: 18 јануари 2019 - 12:00

На Светското фудбалско првенство во 2022 година во Катар, најверојатно ќе се натпреваруваат 48 селекции.

Првиот човек на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино потврдува дека се поголем број за земји се согласуваат да се зголеми бројот на учесниците на мундијалите, односно од досегашните 32, да настапат 48 екипи.

„Голем број национални фудбалски федерации отворено искажаа желба за проширување на Светското првенство. Ќе направиме анализа, а потоа ќе донесеме конечна одлука, во јуни годинава“, изјави Инфантино по состанокот на Извршниот одбор на ФИФА.

 

Најново во Меѓународен Фудбал