И ВАКВО НЕШТО НЕ СМЕ ВИДЕЛЕ ВО ФУДБАЛОТ

Со „магија“ промовиран Санти Казорла во Виљареал! (ВИДЕО)

Фудбалот е непрестајна борба - за трофеи, милионски трансфери, телевизиски права, а од неколку години и за најдобро оригинално претставување на нови играчи.

објавено: 11 август 2018 - 09:30

Ова лето Виљареал успеа да го ангажира Санти Казорла, кој неодамна се врати од тешка повреда. А неговата презентација може да се дефининира како магична ... во буквална смисла!

„Жолтата подморница" подготвила специјално шоу за навивачите. Во него магионичарот Јунке го претстави Казорла кој наjпрвo го немаше, потоа настапи илузијата, од чадот се појави играчот за радост кај фановите кои се наоѓаа на трибините.

33. годишниот шпански играч од средниот пред практично се врати во својот прв професионален клуб. Претходно во периодот од 2012-2018 год. беше дел од Арсенал со 129 натпревари и 25 голови.

Најново во Меѓународен Фудбал