И затворениците во аргентина сакаат да бидат дел од Мундијал

Штрајкуваат со глад бидејќи не им даваат телевизор да гледаат СП

Малер за затворениците е тоа што телевизорот им се расипал на три дена пред стартот на планетарниот собир и уште не е поправен

објавено: 14 јуни 2018 - 14:45

Светското првенство кое денеска започнува во Русија, ќе се гледа низ секој ден од светот. Тоа е глобалниот настан за кој ќе зборуваат сите во наредниве месец дена. Аргентина е еден од главните фаворити за трофејот, а „гаучосите“ веруваат дека Лионел Меси конечно ќе го достигне Диего Армандо Марадона и ќе се израдува на светската титула. 

Група затвореници во аргентинскиот град Пуеро Мадрид објавија дека ќе штрајкуваат со глад поради тоа што може да не ги гледаат мечевите од Мундијалот во Русија. Причина за тоа е расипаниот телевизор во заедничката соба за слободни активности. 

Да биде поголем малерот на затворениците, телевизорот работел, но кабелот се скинал на три дена пред стартот на планетарниот собир. Засега никој не решил да го поправи телевизорот, а револтираните затвореници најавија дека ќе штрајкуваат со глад се додека не добијат телевизор, за да може да ги следат мечевите на Аргентина на Мундијалот во Русија. 

Првиот меч Аргентина го има на 16 јуни против Исланд во Москва, а во нејзината група се уште и Хрватска и Нигерија. 

Најново во Меѓународен Фудбал