ПОЛОША Е АТМОСФЕРАТА МЕЃУ КРАЛЕВИТЕ ПОСЛЕ ПОРАЗОТ ОД ЛЕВАНТЕ

Што се случува во Реал: Рамос ги загуби нервите на тренингот...! (ВИДЕО)

Реал Мадрид е во резултатска криза, уште поголема стана после поразот од Леванте на македонскиот репрезентативец Енис Барди и тоа пред своите гледачи.

објавено: 22 октомври 2018 - 19:00

Сега „кралевите" се подготвуваат за новиот меч од Лигата на шампионите во вторник (21:00 часот) на „Сантјаго Бернабеу" против Викторија Плзењ.

Ниту во ЛШ избраниците на тренерот Лопетеги не тргнаа најдобро во својата група, иако стартуваа со триумф над Рома (3:0), следуваше шок во Москва и пораз од ЦСКА (0:1).

Стандардно се одржуваат тренинзите, а на последниот се случи и мал инцидент каде што во главна улога се најде капитенот Серхио Рамос.

Освен од првиот тим, имаше и играчи од младинскиот тим кои тренираа, меѓу нив и Серхио Регвион кој невнимателно малку го „закачи" искусниот стопер и тоа во лет, а потоа овој целосно ги загуби нервите и почна да го „шутира" својот помлад тимски колега.

Најново во Меѓународен Фудбал