ФРАНЦУЗИНОТ ИМА МЕГА-ПОНУДА

Зидан ќе добие 50 мил.евра за да го предводи Катар

По заминувањето од Реал Мадрид тренерот Зинедин Зидан наводно има мега-понуда и тоа од репрезентацијата на Катар

објавено: 1 јуни 2018 - 21:30

По освојуњето на третата едноподруго европска титула Зинедин Зидан си замина од кормилото на Реал, но бргу би можел да седне на ново работно место и тоа како селектор. Но не на Франција туку на Катар и да го подготвува тимот за Светското првенство 2022 година кое оваа држава ќе го организира.
А за Зидан е подготвена мега-понуда од страна на ФА на Катар, четиригодишен договор за плата од 50 милиони евра на годишно ниво. Барем тоа го тврди египетскиот милијардер Нагиб Савирис.
Пред некоја година и поранешниот тренер на Барселона Пеп Гвардиола беше поврзуван со клупата на Катар и му биле понудени вртоглави суми но тој, сепак, остана во Европа и продолжи да работи во клубови.

 

Најново во Меѓународен Фудбал