НОВИТЕТИ ВО ШПАНИЈА

Шпанскиот Супер-Куп за првпат ќе се игра надвор од оваа земја

Фудбалскиот сојуз на Шпанија и официјално донесе одлука, Супер-Куп натпреварот за првпат во историјата да се одигра надвор од границите на оваа земја. 

 

објавено: 22 јули 2018 - 17:33

Оваа година во Супер-купот силите ќе ги одмерат Барселона и Севилја, а мечот ќе се одигра на 12. август во Мароко, на стадионот „Тангер“ кој има капацитет од 45.000 места.

Покрај оваа одлука, тамошниот фудбалски сојуз воведе новитет, ќе се игра само еден меч на наутрален терен, а не како претходните години кога се играа по два меча.

Рекордер по освоени пехари во Супер-Купот е Барселона, има дури 12, додека Севилја само еднаш го има освоено ова натпреварување, во 2007 година.

 

Најново во Меѓународен Фудбал