ЧЕТАТА НА ВАЛВЕРДЕ СЕ НАОЃА ВО РЕЗУЛТАТСКА КРИЗА

Шокирани на „Камп Ноу“: Познат наследникот на Валверде!?

Фудбалерите на Барселона уште еднаш киксираа изминатиот викенд на домашен терен, бидејќи одиграа само 1:1 против Атлетик Билбао.

објавено: 1 октомври 2018 - 13:45

Каталонците немаат победа на последните три меча во шпанската Примера. Пред своите гледачи ремизираа против Жирона и Атлетик Билбао, а помеѓу тие мечеви, претрпеа изненадувачки пораз кај Легањес.

Во шпанските медиуми на големо се шпекулира дека челниците на Барселона не се задоволни од работата на Ернесто Валверде и од неговите чести промени во составот. Валверде и понатаму има поддршка од клубот, но јасно е дека би можел да добие отказ доколку продолжи резултатската криза.

Ако Валверде евентуално добие отказ, спремно е веднаш да пронајде наследник. Наводно, Барса е во контакт со поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер и верува дека може да го врати „убавиот" фудбал на „Камп Ноу".

Исто така, од што се шокирани навивачите на Барса е што во тие приказни е вметнат и Жозе Мурињо кој пак и не е во добри односно со клубот во кој некогаш работеше како помошник. Мурињо не му оди ниту со Манчестер Јунајтед, па можно е Португалецот да има нов предизвик во наредниот период.

Најново во Меѓународен Фудбал