НЕ СЕ ЗАДОВОЛНИ ОД ОВАА СЕЗОНА ИАКО ИГРААТ ВО ФИНАЛЕ НА ЛШ

Реал има план од пола милијарда евра: Триото Бејл, Бензема и Роналдо заминува во историја

Реал Мадрид трета година по ред игра во финалето на Лигата на шампионите, но од клубот не се презадоволни од сезоната.

објавено: 10 мај 2018 - 15:30

Реал Мадрид трета година по ред игра во финалето на Лигата на шампионите, но од клубот не се презадоволни од сезоната. Во Ла Лига одамна ја загубија битката за титулата, а ниту го освоија кралскиот Куп.

Тимот од Мадрид планира голема реконструкција на составот за следниот преоден рок, за двајца фудбалери е подготвен да потроши 500 милиони евра.

Како што пишуваат тамошните медиуми тројката Бејл, Бензема и Роналдо заминува во историја, неа треба да ја наследат Салах, Кристијано и Нејмар.

Сите се убедени дека Нејмар уште пред стартот на СП во Русија ќе потпише за Реал, кој на свое големо задоволство ќе одвои 300 милиони евра. Некогашниот играч на Барселона за добредојде треба да го добие дресот со број 10.

Тука не застануваат најавите. Претседателот Флорентино Перез е подготвен да одвои 200 милиони евра и за Салах. Ливерпул е подготвен да ја прифати оваа понуда бидејќи тренерот Јирген Клоп не верува дека Салах може да одигра уште една сезона како оваа.

Реал Мадрид планира парите за овие играчи да ги собере со продажба на дел од фудбалерите, како и од спонзорите и продажба на карти.

Најново во Меѓународен Фудбал