Првиот човек на Реал незадоволен од ситуацијата во клубот

Перез го седнал Лопетеги на „пеглање“ и му дал неколку задачи

Првиот човек на клубот јасно му ставил дознаење на тренерот дека она што се случува е неприфатливо, а освен тоа и не сака секој пат да го слуша името на Кристијано Роналдо по секој лош резултат.

објавено: 9 октомври 2018 - 13:15

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, и лично го покажал своето незадоволство од случувањата во клубот во разговор со тренерот на тимот Лопетеги.

Како што е познато, тренерот е под сериозен притисок по серијата лоши резултати и „постот“ од 409 минути без постигнат гол. Во Шпанија веќе се зборува за негово евентуално разрешување при неуспех и против Барселона на крајот на месецот во популарното „Ел Класико“.

Минатата недела, по поразот од ЦСКА Москва, Перез го викнал Лопетеги на вечера, на која природно главна тема била ситуацијата на "Сантијаго Бернабеу". На неа првиот човек на клубот јасно му ставил дознаење на тренерот дека она што се случува е неприфатливо, а освен тоа и не сака секој пат да го слуша името на Кристијано Роналдо по секој лош резултат. Флорентино бил категоричен дека клубот е над секој играч и тренерот треба да се има контрола над она што се случува во соблекувалната.

Перез исто така не бил воопшто среќен во врска со ротирањата што ги направил Лопетеги, како и промените на режимот што тој ги вовел од доаѓањето во клубот. Шефот на клубот побарал ситуацијата брзо да се реши, за да не мора да презема драстични мерки.

Најново во Меѓународен Фудбал