АТЛЕТИК Е ПОЗНАТ ПО ДОНЕСУВАЊЕ НА БАСКИЈЦИ НО...

Од каде сега Романец во Атлетик Билбао?

Атлетико Билбао по правило купува играчи кои се родени или имаат потекло од Баскија. Па тогаш како романскиот фудбалер Кристијан Ганеа дојде на Сан Мамеш?

објавено: 29 мај 2018 - 13:45

Кристијан Ганеа кој е 26-годишниот офанзивен играч за врска доаѓа на Сан Мамеш од Романија, поточно од екипата на Виторул. Тој има и пет настапи за романскиот национален тим. Атлетик е клуб кој има политика да донесува играчи кои се родени во Баскија или имаат потекло од оваа шпанска покраина или барем да помине во јуниорските категории на клубот.

Низ историјата во тимот на Атлетик се „прошверцувале" Висенте Бурун од Бразил, Биксент Лизаразу од Франција, Фернандо Аморебиета од Венецуела, Хавиер Итуриага од Мексико и Ајмерик Лапорт од Франција. Но сите тие влечат корени од Баскија.

А како Романец успеа да влезе во Атлетик. Ганеа како дете се доселил со фамилијата во Басаура. Тој почнал да игра фудбал во Басконија, но се вратил во Романија и сега потпиша за Атлетик. Не е Баскиец но израснал во оваа покраина па така Романецот има право да игра за Атлетик и потпиша договор до 2021 година. Во истиот има откупна клаузула од 40 милиони евра.

Покрај Ганеа, на Сан Мамеш пристигна и десниот бек Андер Капа кој претходно шест сезони играше за Еибар, а е роден во Португалете, Баскија и настапувал за младинските категории на Атлетик. Наскоро на Сан Мамеш ќе пристигне Дани Гарсија, исто така од Еибар, фудбалер за врска роден во Зумарага во Баскија.

Најново во Меѓународен Фудбал