СЕРИОЗЕН УДАР ЗА КАТАЛОНЦИТЕ

Ноу Камп занеме, Меси сериозно повреден?(ВИДЕО)

Скапо ќе биде изгледа платена победата на Барселона во вечерашниот дуел против Севиља.

објавено: 20 октомври 2018 - 22:26

Ако се покаже дека повредата има некоја потешка природа, Барселона би можела да се најде во сериозни проблеми, ако се знае дека веќе во среда во Каталонија треба да гостува Интер, а следната недела на програмата е големиот „Ел Класико".

„Ноу Камп" остана во неверување. Лионел Меси доживеа незгоден пад на раката на дуелот со Севиља поради кој итно е префрелн во болница каде ќе следуваат детални прегледи
За се е „виновен" дуелот со Франко Васкез во 16.минута од играта по која малечкиот Аргентинец падна на лактот на десната рака.

Првата реакција беше навистина болна, лекарскаат екипа на Барса реагираше експресно и стави завој на повреденото место, но само неколку минути подоцна, Меси побара замена.
Ако се покаже дека повредата е со посериозни последици, Барселона би можела да се најде во сериозни проблеми со оглед на тоа дека пред нив се серија на навистина тешки натпревари.

Веќе во среда, на „Ноу Камп" доаѓа милански Интер, додека пак во недела е големото дерби, односно „Ел Класико" против Реал Мадрид.

 

 

 

Најново во Меѓународен Фудбал