Одреден судијата за неделниот дуел на шпанските гиганти

На Реал не му се погоди судијата за „Ел Класико“

На последниот судир на титаните кој Мартинез го судеше на „Бернабеу" му покажа црвен картон на Дани Карвахал, а Барселона ја доби средбата со убедливи 3:0.

објавено: 23 октомври 2018 - 15:17

Ужасната форма на Реал (М) не е добра најава пред големата шпанска пресметка викендов, популарното „Ел Класико“. Како проблем плус за фановите на Реал (М) е и најновата вест дека главен судија на средбата на „Камп Ноу“ ќе биде Хозе Санчез Мартинез, судија кој не е по „мерка“ на европскиот шампион,

„Кралскиот клуб“ не е одушевен од фактот што Мартинез ќе биде на центарот на викенд пресметката, затоа што во последниот судир на титаните тој на „Бернабеу“ му покажа црвен картон на Дани Карвахал, а Барселона ја доби средбата со убедливи 3:0.

Овој судија има судено 13 меча на Реал (М), а покрај Карвахал од него настрадал и Матео Ковачиќ (црвен картон против Валенсија во 2016 година), додека Каталонците досега ниту еднаш не биле во ситуација да останат со играч помалку на средбите на кои им судел овој арбитар.

Мартинез исто така има судено и еден „Ел Класико“ дуел во кој Реал славеше со 2:0, но тоа беше минатогодишниот Супер Куп меч.

Најново во Меѓународен Фудбал