КАТАЛОНЦИТЕ ИМААТ ЧЕТВОРИЦА ЛИДЕРИ, НО...

Меси е новиот капитен на Барселона

После заминувањето на Андрес Иниеста во Јапонија, Аргентинецот и официјално е именуван за нов предводник со капитенската лента кај каталонците.

објавено: 10 август 2018 - 20:55



Иниеста беше капитен на шпанскиот првак во изминатите три сезони откако ја наследи капитенската лента од Чави, Пред тоа, долга низа на години таа улога му беше доверена на Карлес Пујол

За тоа време, Лионел Меси беше „вториот капитен" на каталонскиот клуб, а сега пак негов заменик ќе биде Кaрлес Бускетс.
Трет капитен е Жерад Пике, четврти пак Серхи Роберто. Така е тоа кај големите...

Најново во Меѓународен Фудбал