Шпанецот ќе ја потврди верноста до крајот на месецов

Маркос Алонсо е пред потпишување нов договор со Челзи

објавено: 10 октомври 2018 - 19:30

Дефанзивецот на Челзи, Маркос Алонсо, откри дека е близу до продолжување на договорот со клубот откако стана клучна фигура во тимот во последните две сезони. Со доаѓањето на Маурицио Сари на кормилото на тимот Алонсо остана силен стартер и тоа е основа Шпанецот да добие предлог за продолжување на соработката со лондончани.

„Јас сум мирен и среќен во Челзи. Клубот е исто така задоволен со мене. Иако има време до крајот на мојот договор, сепак имам предлог за продолжување“, откри Алонсо во изјава за шпански „АС“.

„Ние веќе зборувавме и преговорите ќе бидат обновени наскоро, но мислам дека веќе направивме многу. Ако сè е како и сега, ќе треба да потпишеме до крајот на овој месец ", додаде тој.

Шпанецот е еден од најистакнатите дефанзивци во Премиер Лигата во претходните две сезони, а и оваа сезона клучна фигура во новиот тим на Сари.

Најново во Меѓународен Фудбал