Нашиот интернационалец имаше температура

Леванте без болниот Барди славеше дома

објавено: 30 септември 2018 - 20:37

И без болниот Енис Барди, кој утрово имал покачена телесна температура, екипата на Леванте дојде до многу значајна победа во новото коло од шпанската Ла Лига. Пред своите навивачи, фудбалерите на Леванте по серија од 5 меча без победа, успеаја да го совладаат тимот на Алавеш со 2:1, иако гостите тргнаа со погодок за водство уште во 5. минута преку Собрино.

Пресвртот дојде уште до крајот на првиот дел. Најпрво во 19. минута, Леванте израмни со голот на Жасон, додека во 36. минута Тоно погоди и за 2:1.
Со оваа победа, тимот од Валенсија успеа да се побегне од дното и да се искачи на 16. место на табелата во Ла Лига.

Најново во Меѓународен Фудбал