ТИМОТ ОД ВАЛЕНСИЈА ДОМА ГО ЕЛИМИНИРАШЕ ЛУГО (2-0)

Леванте без Барди во осминафиналето од Кралскиот куп

Фудбалерите на Леванте обезбедија пласман во осминафиналето од „Копа дел Реј" после триумфот во реваншот против Луго во Валенсија. Ја оправдаа фаворитската улога славејќи со конечен резултат 2:0, стрелци на головите беа Коке во 80. и Двамена во 93. минута од средбата.

објавено: 6 декември 2018 - 14:28

Луго во првиот натпревар успеа да извлече реми (1:1) на домашен терен, но денеска беше поразен од Леванте во чиј состав не беше македонскиот репрезентативец Енис Барди.

Со ова победа екипата на Леванте им се придружи на Барселона, Валенсија, Атлетико Мадрид, Севиља, Виљареал, Еспањол, Хетафе, Жирона, Ваљадолид, Легањес и Реал Сосиедад.

Останатите четири патници во следната фаза ќе ги дознаеме после одигрувањето на реванш мечевите (1/16): Реал Мадрид-Мелиља (прв меч, 4:0), Бетис-Расинг Сантандер (1:0), Еибар-Хуеска (0:2) и Атлетик Билбао-Хуеска (4:0).

Најново во Меѓународен Фудбал