РЕАЛ МАДРИД ЗА ПРОТИВНИК ГО ДОБИ ЛЕГАЊЕС

КРАЛСКИ КУП: Леванте и Барди во осминафиналето против Барселона! (ФОТО)

Денеска со ждрепка беа извлечени осминафиналните парови во „Копа дел Реј", бранителот на титулата Барса за ривал го доби Леванте на македонскиот репрезентативец Енис Барди.

објавено: 13 декември 2018 - 17:08

Исто така едни од фаворитите за трофејот во Кралскиот куп, Реал Мадрид ќе ги одмери силите против Легањес кој го елиминираше Рајо Ваљекано на нашиот голман Столе Димитриевски, а Атлетико Мадрид за ривал ја има Жирона.

Интересно е тоа што што претстојниот викенд, во новото 16. коло од шпанската „Ла Лига" в недела од 20:45 часот Леванте како домаќин ќе ја пречека Барселона.

Кралски куп („Копа дел Реј")

Осминафинале, двојки:

Реал Мадрид-Легањес
Хетафе-Ваљадолид
Бетис-Реал Сосиедад
Леванте-Барселона
Атлетик Билбао-Севиља
Спортинг Хихон-Валенсија
Жирона-Атлетико Мадрид
Виљареал-Еспањол

Првитe натпревари ќе се играат на 9 јануари, а реванш средбите на 16 јануари 2019 година.

Најново во Меѓународен Фудбал