ВАЛВЕРДЕ НАЈДЕ БРЗО РЕШЕНИЕ, КОЛУМБИЕЦОТ ДОАЃА НА ПОЗАЈМИЦА

Крај на „алармот“ во Барса: Стоперот Муриљо официјално на „Камп Ноу“!

Како што официјално пренесуваат од редовите на каталонскиот клуб, неговата презентација ќе се случи наредниот четврток на 27. декември.

објавено: 20 декември 2018 - 20:15

Одбранбениот колумбиски играч Жеисон Муриљо до крајот на сезоната ќе игра како позајмица (два милиони евра) од Валенсија со опција и право Барселона да го откупи неговиот договор за сума од 25 милиони евра.

Тренерот Валверде мораше итно да реагира со оглед на повредите на Умтити и Вермален што предизвика „паника" на Камп Ноу.

Освен Муриљо, на стоперските позиции се наоѓаат уште Пике и Ленгле. Покрај Колумбиецот, се шпекулираа и поврзуваа уште многу имиња со Барса како Мартин Шкртел, Бранислав Ивановиќ, Андреас Кристенсен, Адил Рами и др.

26-годишниот дефанзивец кој има 27 мечеви и еден погодок за најдобрата колумбиска репрезентација, беше дел од Удинезе, Гранада, Кадиз, Лас Палмас и милански Интер (61 натпревар, два погодоци).

Најново во Меѓународен Фудбал