ПОКРАЈ ПРИЗНАНИЕТО „АЛФРЕДО ДИ СТЕФАНО“ ЗА НАЈДОБАР ФУДБАЛЕР

Кога немаш веќе конкуренција: Лео Меси со наградата „Пичичи“! (ФОТО+ВИДЕО)

Фудбалерот на Барселона е прогласен за најдобар играч на Шпанија оваа година. Аргентинскиот напаѓач беше најдобар во каталонскиот состав во освојувањето на титулата во Примера со 38 голови на 42 натпревари.

објавено: 12 ноември 2018 - 16:59

Покрај наградата „Алфредо ди Стефано", предвидена за најдобар фудбалер, Лионел Меси го доби и признанието „Пичичи", која се доделува за најдобар стрелец.

Очигледно е тоа дека Меси ја загуби најсериозната конкуренција, кога Кристијано Роналдо минатото лето се пресели од Реал Мадрид во Јувентус.

Во неделата за прв пат во кариерата се случи да постигне два гола на еден меч на Барселона, а неговиот тим на крајот да загуби, во овој случај на „Камп Ноу" големо изненадување приреди Бетис (3:4).

Најново во Меѓународен Фудбал