ЗБОРОВИТЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА КАТАЛОНСКИОТ ГИГАНТ

Бартомеу: Нејмар во Барса? Да ви кажам искрено...!

Претседателот на Барселона, Жозеп Бартомеу, денеска ги „олади" сите фанови кои веруваа во враќањето на Нејмар во „Камп Ноу". Тој истакна дека нема ништо од тоа, дека никој во клубот не мислел на Бразилецот.

објавено: 23 октомври 2018 - 16:50

„Нејмар замина и не очекувам да се врати во Барселона. Ние, секако, немаме такви планови. Никој нема да дојде во јануари", изјави Бартомеу за „Радио Каталуња".

Бразилецот ја напушти Барселона во 2017 година и се пресели во ПСЖ за светски рекорд од 222 милиони евра. Меѓутоа, по шест месеци, гласини почнаа дека Нејмар е незадоволен и сака да го напушти парискиот клуб.

И тогаш се појави информација дека би сакал повторно да го облече дресот на Барселона и на некој начин, призна дека направил грешка.

Во досегашниот тек од сезоната Нејмар беше навистина одличен, во 11 натпревари постигна исто толку голови.

Се разбира, покрај Барселона, за потенцијален трансфер на најдобриот бразилски фудбалер исто така беше споменат и Реал Мадрид, чија желба беше пред да дојде во Европа.

Најново во Меѓународен Фудбал