Барселона со победа од 3:0 го елиминираше Леванте од осминафиналето во Купот на Шпанија надоместувајќи го поразот од првиот дуел од 2:1. Тимот од Валенсија денеска се жалеше до Шпанската фудбалска федерација и побара Барселона да биде исфрлена од Купот поради тоа што во противничкиот табор на првиот меч пред една недела настапил Хуан Брандариз, кој веќе бил суспендиран поради жолти картони за вториот тим на Барселона.
Сепак грешката е кај Леванте. Според правилата на Федерацијата, тие жалбата морале да ја упатат најдоцна 48 часа по завршувањето на првиот натпревар, а не откако беа елиминирани една недела подоцна.
Барселона во четвртфиналето на Купот ќе игра против Севиља.
ОФИЦИЈАЛЕН СТАВ НА ФЕДЕРАЦИЈАТА
Барса останува во Купот, Леванте задоцнил со жалбата

објавено: 18 јануари 2019 - 21:06