Леванте останува во ТОП 6 во Ла Лига

Барди и компанија го „почестија“ Атлетик со „три парчиња“ (ВИДЕО)

Барди одигра 90 минути, но не постигна гол. За момците од Валенсија ова беше шеста сезонска победа која ги остава меѓу шесте најдобри тим во Ла Лига.

објавено: 3 декември 2018 - 23:04

Фудбалерите на Леванте славеа во последниот меч од 14. коло во шпанската Ла Лига, поведувајќи ја екипата на Атлетик (Б) со 3:0. Барди кој ги одигра комплетните 90 минути за Леванте не успеа да се запише во листата на стрелците, но затоа своја вечер имаше неговиот соиграч кампања кој постигна еден гол и имаше уште една асистенција.

Леванте го отвори резултатот во завршницата на првото полувреме кога Чема погоди за 1:0. По паузата на домашните им тргна уште подобро, па во 59. минута Кампања погоди за 2:0, а по негова асистенција, Роџер го постави конечниот резултат 3:0 со гол во 69. минута. За момците од Валенсија ова беше шеста сезонска победа која ги остава меѓу шесте најдобри тим во Ла Лига. 

Најново во Меѓународен Фудбал