МОРАШЕ ДА РЕАГИРА ПОЛИЦИЈАТА

Бараа оставка на Флорентино, па 250 ултраси на Реал беа ифрлени од „Бернабеу" (ВИДЕО)

Шпанската полиција имаше доста работа во средата навечер, мораше да исфрли околу 250 навивачи на Реал Мадрид кои за време на осминафиналето на „Купот на кралот", односно дуелот со Леганес (домаќините го добија со 3:0), бараа оставка од претседателот Флорентино Перез.

објавено: 11 јануари 2019 - 11:00

Шпанската полиција имаше доста работа во средата навечер, мораше да исфрли околу 250 навивачи на Реал Мадрид кои за време на осминафиналето на „Купот на кралот", односно дуелот со Леганес (домаќините го добија со 3:0), бараа оставка од претседателот Флорентино Перез.
Со тоа продолжи судирот на првиот човек на европскиот првак со радикалната навивачка група „Ултрас Сур“, на која од 2014 година и е забрането собирање на стадионот „Сантјаго Бернабеу" од сигурносни причини.
Со оглед на тоа дека Реал располага со имињата на сите носители на годишните влезници, како и оние купени дополнително, припадниците на оваа навивачка групација се видливи на оние слабо посетени куп-натпревари, односно кога успеваат да купат влезници кои се пуштени во слободна продажба.

Долниот дел од јужната трибуина, каде беше порано нивното место, сега е препуштено на помали групи на навивачи, во Шпанија познати како „пењас".

 

 „Флорентино оставка" грмеше на стадионот од левата страна на централната трибина, каде беа околу 250 приопадници на „Ултрас Сур", кои се обидуваат да внесат политика на стадионот скандирајќи против актуелниот претседател.

Но, тоа не им појде од рака, а наместо тоа „пењас", кои „Ултрас Сур" ги нарекува платениците на Перез, се свртија спрема нив, и ги почестија со погрдни зборови од типот на „кокошкари"...
Неколку минути пред крајот на првото полувреме дваесетина полицајци дојдоа на трибинита каде се наоѓаа тие 250 „ултраси", и веднаш ги одалечија од стадионот, без „непосакуваните гости" да пружат било каков отпор.

Според проценките на полицијата, оваа групација брои околу 600 членови. А пред три месеци, од таму се пофалија дека успешно ја контролираат групата, иако е забележан значително поголем број на помлади членови.

 

Најново во Меѓународен Фудбал