Без победник на „Сан Мамеш“

Атлетик Б. зема бод, можеше и три

Баскијците одиграа одличен меч против шампионот, но не успеаја да го совладаат Тер-Штеген

објавено: 10 февруари 2019 - 22:38

Фудбалерите на Атлетик Билбао одиграа одличен меч пред своја публика против шампионот Барселона, но на крајот осоија само еден бод во ремито без погодоци. На „Сан Мамеш“, домашните мотивирано тргнаа да се надигруваат со фаворито, а во неколку наврати и во првото и во второто полувреме имаа шанси и да погодат за водство.

За издвојување се две акции во завршните 15-тина минути од мечот во кои учествуваше Инаки Вилијамс, но и Меси во 54. минута имаше еден одличен слободен удар кој можеше лесно да се претвори во гол. Барселона остана непоразена и ја задржа лидерската позиција во Ла Лига, сега со предност од само 6 бода пред Реал (М), кој полека ја топи разликата.

Најново во Меѓународен Фудбал