ФИФА: ДОНЕСЕНА ОФИЦИЈАЛНА ОДЛУКА НА 68 КОНГРЕС

САД, Канада и Мексико домаќини на Светското првенство 2026 година

И официјално познати се домаќините на Светското првенство 2026. година после гласањето на 68 Конгрес на Светската фудбалска федерација, ФИФА.

објавено: 13 јуни 2018 - 13:03

Со поднесена тројна заедничка кандидатура, САД, Мексико и Канада ќе го организираат Мундијалот 2026, а единствен противкандидат им беше Мароко.

Тоа ќе биде првото Светско првенство што ќе се одржи во три земји, и воедно проширено со 48 репрезентации и рекордни 80 натпревари.

Од вкупно 210, гласаа 203 ФИФА членки, помеѓу кои и Фудбалската федерација на Македонија, северно американските земји го победија африканскиот кандидат со резултат 134:65, односно 67% од гласањето.

Само еден претставник гласаше против двете кандидатури, а три федерации останаа воздржани.

Да потсетиме, организатор на Мундијалот во 2022. година ќе биде Катар, а годинешниот кој што наскоро ќе започне се одржува во Русија.

Најново во Меѓународен Фудбал