ДОМАЌИНОТ НА СП ИМА НЕГАТИВЕН БИЛАНС

РУСИТЕ НЕ ЗАБОРАВААТ: Хрватите пред 3 години го урнаа „Олимп“! (Видео)

Во пресрет на четвртфиналниот меч од Мундијалот 2018 в сабота помеѓу двете репрезентации, во продолжение проследете го нивниот последен меѓусебен меч.

објавено: 6 јули 2018 - 19:58

Пред три години на 17. ноември 2015, на пријателскиот натпревар одигран во Ростов на Дон на стадионот „Олимп 2", „коцкестите" триумфираа како гости со резултат 1:3.

После првото полувреме водеа Русите со голот на Смолов во 14-та мин., но избраниците на селекторот Чачиќ направија целосен пресврт во вториот дел благодарение на Калиниќ (57.), Брозовиќ (60.) и Манџукиќ (82.)

Двете селекции се сретнале уште двапати во квалификациите за ЕУРО 2008, без голови во Москва и Загреб.

 

Најново во Меѓународен Фудбал