ДАЛИ ХРВАТОТ НАСКОРО ЌЕ ГО НАПУШТИ РЕАЛ МАДРИД?

Роналдо за „случајот Модриќ“: Верувам во мојот Интер..!

Бразилската фудбалска легенда верува дека неговиот поранешен клуб ќе го оствари зацртаното

објавено: 6 август 2018 - 19:30

Сите како да чекаат нов мега-трансфер ова лето и промоција на Лука Модриќ во екипата на Интер.

На тоа сите се надеваат, и навивачите, па и една од легендите на тој клуб, Роналдо ко верува дека хрватскиот репрезентативец ќе се пресели на „Џузепе Меаца".

Да потсетиме, Роналдо своевремено ги бранеше боите на Реал Мадрид и Интер. Поточно, во 2002. година после пет сезони во дресот на „неро-аѕурите" дојде во „кралскиот" клуб.

„Фудбалскиот пазар е нешто чудо и ќе видиме што ќе се случи во наредниот период. Се надевам дека Интер ќе го реализира зацртаното, Интер останува во моето срце. За Модриќ? Не знам дали се договориле. Сите тоа го чекаме. Секој голем клуб сака да се засилува, а Интер е вистинскиот пример", рече Роналдо.

Исто така, го прокоментираше и доаѓањето на Кристијано Роналдо во Јувентус:

„Тоа е позитивно за италијанскиот фудбал. Последните неколку сезони Калчото беше во пад. Ова е идеална прилика да се врати во голем стил", додаде Бразилецот.

Најново во Меѓународен Фудбал