ПОРТУГАЛЕЦОТ НЕ МОЖЕ ДА СЕ ПОМИРИ

Роналдо со порака до Модриќ: Овие пехари не можете да ги украдете

Кристијано Роналдо не може да се помири со фактот дека наградата на ФИФА за најдобар фудбалер во светот отиде во рацете на неговиот некогашен соиграч, Лука Модриќ.

објавено: 26 септември 2018 - 10:40

Кристијано Роналдо е навикнат да добива индивидуални признанија, но во последно време тоа не му тргна од рака. Португалецот дефинитивно не може да се помири дека наградата на ФИФА за најдобар фудбалер во светот отиде во рацете на неговиот некогашен соиграч од Реал Мадрид, Лука Моридќ.

По доделувањето на признанието се очекуваше реакција на Роналдо. На својот „Инстаграм“ профил сподели фотографија од својот музеј и испрати порака:

„Овие трофеи не можат да бидат украдени, имаме аларм“, пиша Роналдо.

Фудбалерот на Јувентус има пет награди за најдобар играч, последен пат беше прогласен минатата година. Во својата кариера има преку 20 индивидуални признанија. Со Јунајтед трипати ја свои Премиер-лигата, еднаш ФА Купот и Лигата на шампионите, како и светското клупско натпреварување. Со Реал Мадрид освои две титули во шпанското првенство и купот, четири во ЛШ и три во светското клупско. Оваа сезона по девет години го промени тимот и го облече дресот на „Старата дама“.

Роналдо не дојде на доделувањето на „Златната топка“ бидејќи знаеше дека нема да ја добие, тогаш неговиот агент одлуката ја нарече дека е смешна.

 

 
 
 
View this post on Instagram

Estes troféus ninguém roubatem alarme

A post shared by Museu CR7 (@museucr7funchal) onSep 25, 2018 at 4:04am PDT

Најново во Меѓународен Фудбал