ПОРТУГАЛЕЦОТ ЈА ОДБИ ПОКАНАТА НА ШПАНСКИТЕ ФУДБАЛСКИ ЛИДЕРИ

Роналдо не сака да гледа Ривер-Бока со Меси!

Фудбалските фанови нема да можат да уживаат во глетката на двете супер ѕвезди Лионел Меси и Кристијано Роналдо, на реванш натпреварот од финалето в недела во „Копа Либертадорес" помеѓу Ривер Плата и Бока Јуниорс.

објавено: 6 декември 2018 - 09:30

Изворите блиски до Роналдо за шпанскиот весник „АС" рекоа дека Португалецот ја одбил поканата на шпанската фудбалска федерација.

А како причина за откажувањето се истакнуваат лошите односи меѓу Кристијано и Реал Мадрид по неговото заминување во текот на летото по што направи трансфер во Јувентус.

Изворите велат дека се уште е рано Роналдо да се врати на Бернабеу. Идејата на шпанските челници беше да испратат порака за мир, поставувајќи ги двајцата најдобри играчи еден до друг.

Меси ќе присуствува на присуствува на оваа пресметка, дури и побарал дополнителни влезници за неговите пријатели и роднини.

Најново во Меѓународен Фудбал