ПОРТУГАЛЕЦОТ ДОСЕГА БЕШЕ НЕПРИКОСНОВЕН

РОНАЛДО Е МИНАТО: Лука Модриќ е главна „фаца“ во Реал! (Фото)

Во оваа категорија сега на првото место се наоѓа хрватскиот репрезентативец...

објавено: 22 јули 2018 - 14:00

После заминувањето на Кристијано Роналдо од „Бернабеу" во Јувентус, „грабнати" беа над половина милион дресови со неговото презиме.

Долги години дресот на Роналдо во Реал беше најпродаван, но нештата веднаш се променија во Мадрид.
Од моментот кога Роналдо си замина, најпродавани дресови се оние на репрезентативецот на „коцкестите", Лука Модриќ.

Иако многумина очекуваа таквата улога да ја има на пример Серхио Рамос, Карим Бензема или Герет Бејл, сепак Хрватот е моментно најпопуларен.

После настапот на Светското првенство каде што со својата репрезентација го освои сребрениот медал, се наоѓа и во главна трка за „Златната топка".

Најново во Меѓународен Фудбал