ПОРТУГАЛЕЦОТ ПОТПИША БОГАТ ЧЕТИРИГОДИШЕН ДОГОВОР

Кристијано дневно во Јувентус ќе заработува 82.417 евра

Според договорот, Кристијано во следните четири сезони ќе инкасира 120 милиони евра

објавено: 11 јули 2018 - 10:30

Кристијано Роналдо веќе го има првиот ден како играч на Јувентус. Актуелниуот освојувач на „Златната топка“ вчера го стави својот потпис на четиргодишниот договор со најтрофејнито тим во Италија. 

Според договорот, за четири сезони во гигантот од Торино, Роналдо ќе заработи вкупно 120 милиони евра. Тоа се по 30 милиони евра по сезона, со што кристијано ќе биде убедливо најплатениот играч кој некогаш бил во италијанската Серија А.

Ако се гледа според платата која че ја добива, Роналдо месечно ќе заработува 2,5 милиони евра, односно 576.923 евра на неделно ниво. Ако се пресмета на дневно ниво, Португалецот ќе заработува 82.417 евра, додека за секој поминат час ќе добива 3.434 евра. Ако се гледа во минути Роналдо на минута ќе заработува 57,23 евра, додека за секоја помината секунда, неговото конто ќе се зголемува за 0,95 евра.  

Најново во Меѓународен Фудбал