ДАЛИ Е ТОА НАЈАВА ЗА ПОЧЕТОК

Ривер Плата ги пријави стартните единаесет!

Останува да чекаме и да видиме кој ќе истрча на теренот на „Монументал"...

објавено: 24 ноември 2018 - 23:10

Мечот на векот требаше да биде празник на фудбалот во Буенос Аирес. Но реваншот помеѓу Ривер Плата и Бока Јуниорс во финалето на Копа Либертадорес е одложен за дополнително време, поради нападот на хулиганите на автобусот на гостинските навивачи.
Последната информација од Буенос Аирес е дека сме се поблиску до почетокот на големиот натпревар во кој Ривер Плата го дочекува Бока Јуниорс, и има убава шанса да го освои Копа Либертадорес затоа што пред своите гледачи на „Монументал" има убави (2:2) кои ги донесоа од гостувањето кај Бока Јуниорс.
Последните информации се дека стручниот штаб на Ривер Плата ги пријавил стартните единаесет играчи.
Се говори исто така неофицијално, дека нови одложувања нема да има. И дека мечот ќе почне во 23.30 часот.

Најново во Меѓународен Фудбал