И ВТОРИОТ ФИНАЛИСТ НЕ САКА ВО ШПАНСКАТА ПРЕСТОЛНИНА

Ривер Плата: Да се игра во Мадрид? Огромен удар за клубот и навивачите!

Откако претходно Бока Јуниорс ја информираше јавноста дека нема потреба реванш возвратниот натпревар да се игра на „Сантјаго Бернабеу", сега и нивните ривали ја изразуваат истата желба.

објавено: 1 декември 2018 - 18:00

На драмата и нема крај, и Ривер Плата одбива да игра на еден од најпопуларните стадиони ширум Европа и светот, сметајќи дека ова е огромен удар за клубот и неговите навивачи.

Не сакаат да ја прифатат одговорноста за нередите кои беа причина за одложувањата на реванш финалниот меч на „Копа Либертадорес", а после првиот дуел резултатот е 2:2, а воедно како виновни се одвојуваат и аргентинските власти.

Веќе е информирано од Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ) дека реваншот ќе се игра надвор од Аргентина.

Укажувајќи на фактот дека „Монументал" беше исполнет и после вториот ден после одложувањето, дека навивачите осум часа чекаа мечот да започне, но безуспешно...

Најново во Меѓународен Фудбал