СО ТРАНСФЕРОТ ВО ЈУВЕНТУС

Ремзи – најскапо платен британски фудбалер на сите времиња

Платата на Британецот ќе биде нешто повеќе од 400 илјади фунти неделно, односно 450 илјади евра.

објавено: 11 февруари 2019 - 19:49

Арон Ремзи станува најскапо платен британски фудбалер на сите времиња.

Неговиот трансфер од Арсенал во Јувентус дефинитивно ќе се реализира летово, а по направените лекарски прегледи во јануари, „Би-би-си" тврди дека е потпишан и преддоговорот за четиригодишната соработка.

Што се однесува до платата, таа ќе биде нешто повеќе од 400 илјади фунти неделно, односно 450 илјади евра.

Многу се шпекулираше околу цифрите на Ремзи, но никој не претпоставуваше дека ќе стане вториот најплатен играч во Јувентус и втор најплатен играч во Серија А по Кристијано Роналдо.

Најново во Меѓународен Фудбал