ЗАВРШИ САГАТА НА „КРАЛСКИОТ КЛУБ“

Реал Мадрид конечно најде нов тренер!

Актуелниот селектор на Шпанија, Хулен Лопетеги ќе седне на клупата на тимот од „Сантијаго Бербанеу“ во новата сезона

објавено: 12 јуни 2018 - 17:21

Хулен Лопетеги ќе биде новиот тренер на Реал Мадрид за следната сезона. Актуелниот селектор на шпанската репрезентација прифати да седне на клупата на „кралскиот клуб“. Реал остана без тренер, откако ненадејно Зинедин Зидан реши да си поднесе оставка и тоа само неколку дена по освојувањето на третата европска титула во последните три сезони. 

„Реал Мадрид може да ибјави дека нов тренер на тимот во следните три сезони ќе биде Хулен Лопетеги. Тој ќе се приклучи на тимот штом заврши Шпанија со учеството на Светското првенство во Русија“, стои во соопштението на Реал Мадрид. 

 

Најново во Меѓународен Фудбал