он не треба да го гледа финалето

Реал ќе го победи Ливерпул со 4:1

Поранешниот тренер на „кралскиот клуб“, Висенте дел Боске вели дека Англичаните нема да имаат никаква шанса во борба за трофејот

објавено: 23 мај 2018 - 09:30

Некогашниот селектор на шпанската репрезентација и екс тренер на Реал Мадрид, Висенте дел Боске вели дека играчите на Ливерпул нема да имаат никаква шанса да триумфираат во финалето на Лигата на шампионите против шпанскиот гигант. Според Дел Боске, Реал има многу подобар тим од Ливерпул, во чии редови не се издвојува ниту Мохамед Салах, кој даде 32 голови во Премиерлигата. 

„Реал Мадрид има чудесен состав, најдобар во Европа, во овој момент. Тоа треба да го потврдат на мечот в сабота. Очекувам Реал да победи со 4:1. Кога го гледам тимот на Ливерпул, не гледам фудбалер кој ја има класата на Реал Мадрид, дури ни Салах“, вели 67-годишниот шпански стратег.

Дел Боске со Реал Мадрид два пати беше европски првак, а како предводник на шпанската репрезентација триумфираше на Светското првенство во Јужна Африка во 2010 година, а две години подоцна стана и европски владетел со „црвената фурија“.

Најново во Меѓународен Фудбал