ТАКА СЕ ИГРА ЗА СВОЈАТА ЗЕМЈА

Ракитиќ имал температура 39, ама не ни помислил да не игра

Популарната „Ракета“ цела ноќ пред мечот се „борел“ со висока температура

објавено: 12 јули 2018 - 10:40

Кога Лука Модриќ и Иван Ракитиќ се на теренот, се знае дека тие царуваат на средината од игралиштето. Токму двете ѕвезди од Реал Мадрид и Барселона се главни во историскиот успех и пласманот на Хрватска во финалето на Светското првенство. 

Ракитиќ го одигра целиот меч во полуфиналето синоќа против Англија, а дури откако заврши битката, тој откри една тајна. Ноќта пред мечот, Иван Ракитиќ кренал температура од 39 степени. 

„Лежев цела ноќ и собирав сила за мечот против Англија. Издржав и вредеше“, вели Ракитиќ, кој додава дека нема ништо да го сопре да игра во неделното финале против Франција.

И другите хрватски играчи едноставно „гинат“ на теренот, а селекторот Златко Далиќ призна дека воопшто не знаел кого да извади од игра и да го одмори на дуелот против Англија, бидејќи сите покажувале дека сакаат да издржат до крај.  

 

Најново во Меѓународен Фудбал