Французите се вмешаа во трката за Аргентинецот

ПСЖ испрати понуда од 35 милиони евра за Паредес

Челзи веќе имаше една слична понуда која Зенит ја одби. Сега парижани се обидуваат да избијат на листата на фаворити за потписот на Аргентинецот.

објавено: 18 јануари 2019 - 15:45

Францускиот шампион ПСЖ се приклучи во борбата за играчот од средниот ред на Зенит, Леандро Паредес. Откако се чинеше дека Челзи е многу блиску до обезбедување на потписот на Аргентинецот, од Русија стигнуваат вести дека во канцеларијата на тимот од Ст. Петерсбург стигнала понуда од Париз вредна 35 милиони евра.

Според изворот, парижани гимаат идентична понуда со онаа на Челзи, но и двете не соодвествуваат со она што Русите го одредија како цена за слободата на Паредес - 45 милиони евра. Русите немаат намера да се повлечат пред своето барање, па сега на ред повторно се двата гиганти.

Од англија стигнуваат информации дека Челзи разгледува опција да понуди 40 милиони евра (заедно со бонуси), но прашање е дали и оваа сума ќе биде доволна да го добијат офанзивниот играч за врска.

Најново во Меѓународен Фудбал