„СТАРАТА ДАМА“ СО НОВО ЗАСИЛУВАЊЕ

ПРИСТИГНА ЕМРЕ ЏАН: Прегледи, па потпис со Јувентус! (Фото)

24-годишниот играч од средниот ред слета во Торино и е пред потпис со „Старата дама".

објавено: 21 јуни 2018 - 11:11

Емре Џан е пред потпис со италијанскиот шампион, се очекува да потпише договор на пет години.

Јуве веќе му посака добредојде во Торино и потврди дека играчот ќе оди најпрвин на задолжителните лекарски прегледи.

Пред да се пресели во Ливерпул, претходно ги бранеше уште боите на Баерн Минхен и Баер Леверкузен, а има и 20. настапи за германската репрезентација.

Најново во Меѓународен Фудбал