НЕ Е САМО ДОХА ВО ИГРА

ПРЕСВРТ: „Суперкласико“ ќе се игра на „Сантијаго Бернабеу“?

Во исчекување на конечната одлука на КОНМЕБОЛ околу местото на одигрување на „Суперкласико“ во јавноста излезе нова информација. „Сантијаго Бернабеу“ се споменува како нова локација. 

објавено: 29 ноември 2018 - 17:20

Во исчекување на официјална информација од Јужноамериканската фудбалска конфедерација КОНМЕБОЛ, по Доха и Џенова, како едно од местата кадешто Ривер и Бока би можеле да го одиграат одложеното финале се споменува и стадионот на Реал Мадрид, „Сантијаго Бернабеу“.

Реваншот е закажан за 8 декември, а истиот беше одложен поради нападот на автобусот на Бока пред самиот дуел. Првата средба заврши без победник 2:2.

Најново во Меѓународен Фудбал